Трајковски потврди, повторно ќе игра во Хрватска

Александар Трајковски за хрватските медиуми откри дека неговата следна дестинација ќе биде Локомотива Загреб, со што македонскиот репрезентативец повторно се враќа во хрватскиот фудбал. Тој изјави дека е навистина задоволен што повторно ќе игра во Првата ХНЛ и дека овојпат ќе го брани дресот на Локомотива.

„Драго ми е што ќе бидам дел од Локомотива, клуб што добро го познавам уште од периодот кога настапував за Хајдук. Се поклопија потребите и на клубот и мои и верувам дека оваа соработка ќе биде успешна за двете страни“, рече Трајковски.

Иако од Загреб сè уште нема официјална потврда за трансферот, се очекува клубот многу скоро да го објави неговото ангажирање.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот