Фото: ФФМ

Локомотива Загреб ќе биде нова станица за Александар Трајковски

Македонскиот репрезентативец и искусен интернационалец, Александар Трајковски, својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб.

Трајковски веќе неколку месеци е без клуб и единствени натпревари оваа сезона му се тие, во репрезентативниот дрес, каде одигра солидно иако е надвор од натпреварувачки ритам.

Своевремено, Трајковски беше дел од тимот на Интер Запрешиќ, каде ги направи своите први интернационални чекори, додека пак мината сезона настапуваше за далматинската гордост, Хајдук Сплит. Со новиот предизвик во Локомотива, македонскиот репрезентативец ќе се обиде да донесе додадена вредност во загрепскиот прволигаш.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот