Иако неговиот лик почина во првиот дел, Расел Кроу се надева дека ќе заигра во продолжението на „Гладијатор“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот Расел Кроу (56) се надева дека ќе ја репризира својата улога на Максимум во продолжението на филмот „Гладијатор“. Тој ги потсети обожавателите дека неговиот лик е мртов на крајот на блокбастерот од 2000 година, но воедно не ја отстрани можноста дека тој ќе биде дел од претстојното ново остварување.

– Често знам да ја расипам забавата со тоа што ќе ги потсетам луѓето дека мојот лик почина во првиот филм. Но, дали можеме да си играме со тоа? Можеме… – изјави Кроу за „E!News“.

Уште во 2018 година беше известено дека продолжението е во продукција, а колешката на Расел, Кони Нилсен во мај оваа година потврди дека потфатот се уште е на сила, но дека трае поради „пренатрупаниот распоред“ на режисерот Ридли Скот.

Фото: Принтскрин/Јутјуб
Фото: Профимедиа

Кроу призна дека приказната за продолжението е започната на последниот ден на снимањето на оригиналниот филм од 2000 година.

– Сега постојат толку различни идеи со кои можеме да му пристапиме на продолжението. Да се биде дел од филм кој, и после 20 години од премиерата, некаде се уште е дел од репертоарот на телевизиите и тоа во прајмтајм, тоа е одлично. Додека го создававме, тоа секако не го очекувавме. Всушност, додека го создававме, се беше хаос, се присети актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот