И Стојанче е против францускиот предлог: Бугарите не треба да влезат во Уставот, нивната бројка е минорна
Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, го осудува насилството врз полицајците на протестите против францускиот предлог.
Препорачано
„Тие само си ја вршат работата и си ја сакаат својата татковина. Не заслужија да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги“, вели Ангелов.
Според него, францускиот предлог, ваков каков што е, е неприфатлив.
„Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум сѐ додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот, затоа што нивната бројка е минорна. Утре може ќе останат овде кај нас 2-3000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме. Ваков каков што е, предлогот треба да биде доработен, но ако ова е конечниот, тој треба да се отфрли. Негацијата на македонскиот народ и идентитет е присутна и кај бугарскиот народ, кој под влијание на пропагандата се сврте против браќата Македонци“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.


