И Роџерс му удри корпа на Њукасл, се подготвува да го наследи Пеп

Роџерс ги одби милионите на Њукасл/ фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Иако Њукасл преку ноќ стана најбогат спортски клуб на светот, сепак не сакаат сите да бидат дел од англискиот премиерлигаш.

Новите сопственици на Њукасл, Саудискиот инвестициски фонд кој е под контрола на принцот Мохамед бин Салман, во брзо време ја доби и втората корпа. По Антонио Конте кој засега одбива да седне на клупата, истото го стори и менаџерот на Лестер, Брендан Ронџерс.

Роџерс иако доби богата понуда да го презеде Њукасл, тој ја одби истата бидејќи има сосема поинакви идеи.

Роџерс е главен фаворит во 2023 година да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити. Наводно тој има ветување од челниците на Сити дека ќе биде назначен за нов менаџер на „граѓаните“ кога ќе се повлече Гвардиола и поради тоа ја одби понудата на Њукасл.

Ова не е прв пат името на Роџерс да се поврзува со клупата на Сити, тој и пред осум години беше кандидат ада го наследи Роберто Манчини, но тогаш челниците на клубот одлучија дека Мануел Пелегрини.

Сега планот на челниците на Манчестер сити е по Гвардиола да дојде тренер кој добро го познава англискиот фудбал и е докажан во Премиер лигата и Брендан Роџерс е идеален избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот