И официјално Бруклин нетс е најскап спортски тим на планетата

Екипата на Бруклин нетс од денеска има нов сопственик, исто како и арената во која ги игра своите натпревари Барклејс центарот. Досегашниот сопственик Михаил Прохоров денеска и официјално ги продаде преостанатите 51 процент од акциите на клубот на тајванско-канадскиот бизнисмен Џозеф Цаи за 1.35 милијарди долари.

Вкупната сума која Цаи ја плати за 100 проценти изнесува 2.35 милијарди долари, што претставува рекорд кога станува збор за купување на спортска екипа.

Промената на сопствеништвото во Бруклин мора да ја одобри и Одборот на сопственици во НБА лигата, но таа одлука се очекува да претставува формалност.

Сега веќе поранешниот сопственик Михаил Прохоров во 2010 година го купи тогашниот Њу Џерси нетс, а две години подоцна ги пресели во Бруклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот