Бруклин нетс добива нов газда

НБА тимот на Бруклин нетс во најскоро време ќе добие нов сопственик во името на Џозеф Цаи, тајванско-канадскиот бизнисмен.

Цаи минатата година купи 49% од акциите на Бруклин за една милијарда долари, а сега планира за дополнителни 1.35 милијарди долари да ги купи преостанатите 51 процент од акциите кои се во сопственост на Русинот Михаил Прохоров и да стане доминантен сопственик на НБА екипата.

Доколку се реализира превземањето од страна на Цаи, ќе биде поставен нов рекорд кога странува збор за купување на спортски екипи.
Досегашниот рекорд го држеа Дејвид Тепер и и Тилман Фертита кои платија по 2.2 милијарди долари за купување на НФЛ тимот Каролина пантерс, односно НБА екипата на Хјустон рокетс.

Џозеф Цаи е познат како косопственик на кинеската компанија Алибаба, а неговото богатство е проценето на 9.9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот