И на неговиот четврти брак му дојде крај: Борис Новковиќ се разведува со 25 години помладата сопруга

Instagram

Откако во медиумите се појави веста дека Борис Новковиќ се разведува од сопругата Ирис Волф, пејачот се огласи преку својот фејсбук-профил и според неговите тврдења, не се работи за развод, туку за моментна дестабилизација на односот која се обидуваат да ја решат на свој начин, пренесува Нова.рс.

„Ние се обидуваме да го спасиме ова на наш начин. Мојата работа е јавна, ама тоа не значи дека треба да бидам нечесно третиран, бидејќи мојата помлада сопруга можеше тоа емотивно тешко да го прими и тоа можеше дополнително да го дестабилизира нашиот моментно дестабилизиран однос“, рече Борис.

Како што пренесува Глориа.хр, Борис и Ирина откриле дека веќе не се заедно како пар, но ќе продолжат да функционираат како пријатели и родители.

Тие се венчаа пред една и пол година и во бракот ја добија ќеркичката Си.

„Девојчето го нарековме Си. Ирис и јас заедно го биравме името. Корените се од хебрејскиот јазик, а дури и во Кина постои такво име. Генерално ние направивме изведенка од нашите имиња Ирис и Борис“, рече тогаш Борис.

Парот е во врска од пролетта 2018 година, а поради разликата во годините јавноста од почетокот не им предвидуваше светла иднина. Борис е 25 години постар од Ирис. На почетокот се појавуваа заедно на јавните настани, а дека се во врска потврди и самата Ирис на социјалните мрежи.

„Тоа беше љубов на прв поглед, на последен поглед, на секогаш и засекогаш поглед“, напиша тогаш Ирис.

Instagram

Пред бракот со Ирис, Борис Новковиќ имаше три неуспешни брака. За бившите сопруги и девојки пејачот секогаш кажуваше само убави зборови.

„Се менував и постојано се менувам, тоа ни е задачата на овој свет, нели? Да се запознаеме себеси, да спознаеме кои сме, од каде доаѓаме, каде одиме и која е нашата смисла. Јас сум романтична личност, но често најромантичните моменти ги доживеав сам со себе, кога би отпловил некаде во соништата и би замислувал нова љубов која ме чека некаде зад аголот. Поентата е дека засекогаш верувам во љубовта и никогаш не престанувам“, вели Борис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот