И хрватските газди реагираат за неработењето во недела

Хрватско знаме / Фото: МИА

Во четвртокот, Хрватското здружение на работодавачи (ХУП), реагирајќи на конечниот предлог на Владата за измени на Законот за трговија, предупреди дека затворањето на продавниците во година на криза ќе го запре растот на платите и потрошувачката и ќе предизвика пад на БДП.

Владата од седницата во четвртокот до Собранието го испрати конечниот предлог за измени на Законот за трговија, според кој дуќаните вообичаено ќе бидат затворени во недела, а трговците можеа да изберат 16 недели во годината во кои ќе работат, а новиот Законот ќе стапи на сила на 1 јули.

Од ХУП потсетуваат дека отсекогаш нагласувале дека ограничувањето на работата и работното време на претприемачите е спротивно на фундаменталните постулати што ги застапуваат ХУП и неговите членови, а исто така забележуваат дека забраните никогаш не довеле до развој на пазарот или позитивни ефекти врз пазарот на трудот.

„Ние сме на мислење дека најдобрата опција е работата во недела да ја оставиме на работодавците, притоа да ги почитуваме сите законски обврски и соодветно да ги платиме работниците и укажуваме дека суштински сме против интервенции во работното време на некои претприемачи“, истакнаа од ХУП, објави Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот