Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот пејач и политичар Мирослав Шкоро даде оставка од партијата, останува пратеник

Популарниот хрватски пејач и политичар Мирослав Шкоро си поднесе оставка од местото претседател на Татковинското движење и сите останати должности во партијата.

Тоа го објави на својот Фејсбук профил со назнака дека тоа го прави од лични причини, а својата одлука дополнително ја образложи во изјава за Хрватското радио.

Шкоро најави дека ќе остане пратеник и потпретседател на Хрватскиот сабор, а очекува и почесна функцијата во партијата.

Со неговата оставка се отвора прашањето како мисли да му препушти на новото  водство да се наметне во партијата ако ја задржува и таа највисока хиерархиска позиција во саборот. Исто така, отворено е и прашањето дали целиот случај потсетува на оној со Иво Санадер кој „замина за да остане“ и се повлече влечејќи некои потези од сенка.

-Во принцип мантрата е таква, што, ете, јас сум губитник, јас сум човек кој е навистина причина зошто се напаѓа тоа Татковинско движење и тие луѓе. Потоа по еден разговор со своето семејство заклучив дека можеби е најдобро да продолжам да се занимавам со политиката, да останам во Саборот, но да се тргнам од претседателското место во партијата, рече Шкоро за ХТВ.

Тој на претседателските избори во Хрватска во 2019 година се кандидираше за претседател на државата, но тогаш победи Зоран Милановиќ, кандидат на СДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот