Фото: Hrvatski rukometni savez

Хрватска славеше над Исланд – повторно е во игра за полуфинале

Ракометната репрезентација на Хрватска со победа го отвори настапот во втората фаза, откако во неизвесен дуел го совлада Исланд со 30-29.

Од самиот старт, Хрватите наметнаа контрола и во поголемиот дел од натпреварот беа во водство, но и покрај тоа не успеваа да создадат поголема резултатска разлика. Еден од клучните периоди во натпреварот беше завршницата на првото полувреме, кога со серија од 3-0 за првпат стекнаа предност од четири гола и на пауза заминаа со 19-15.

Во продолжението, Хрватска успеа да ја одржува предноста, иако Исланд во еден момент се доближи на само еден гол негатива. Сепак, тоа беше максимумот што Исланѓаните го постигнаа на овој натпревар.

Причинат за поразот Исланд може да ја бара и во слабата реализација ударите од седум метри бидејќи промашија четири пенали. Особено скапо го платија еден од промашените удари во самиот финиш, кога имаа можност да израмнат, но наместо тоа Хрватска во следниот напад повторно се одлепи на плус два. Најефикасен во хрватскиот состав беше Мараш со седум погодоци, додека кај Исланд се истакна Магнусон со осум гола.

За Хрватска овие два бода се први во втората група со што се враќаат во игра и за место во полуфиналето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот