Хрватска: Полицајци пријавиле момче кое ги нарекло „кенгури“, суд го казнил за навреда на органите на редот
Општинскиот суд во хрватскиот град Чаковец казнил 23-годишен жител на градот, поради тоа што на 11 септември годинава, во фејсбук-групата „Полициски запирања (Меѓимурје – Чаковец – околина)“ објавил кратка порака: „помеѓу Гардиновац и Декановац, кенгури“. Момчето, секако, мислело на сообраќајните полицајци кои стоеле на локален пат, пишува порталот „Е-Меѓимурје“.
Препорачано
Во таа куса реченица, која обвинетиот пред судот ја опишал како „зезанција“, судијата препознал омаловажување на полицајците кои вршеле сообраќајна контрола на локацијата.
„Тој не ја избришал објавата, ниту, според сопствено признание, размислувал како ќе ја доживеат оние на кои се однесува“, пишува во пресудата, со која момчето е казнето со вкупно 380 евра.
„Обвинетиот сепак изрази каење за стореното и тоа беше земено предвид како олеснителна околност“, вели судијата, кој изрекол казна за делото „навреда на државен орган“ која е пониска од законски пропишаната (700-4.000 евра или 30 дена затвор).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
46сек
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


