Хрватска е најдобра тениска репрезентација, Србија шеста

Хрватската тенисерка репрезентација за прв пат од 2006 година е прва на ранг листата/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Хрватската тениска репрезентација се најде на првото место на новообјавената ранг-листа, додека репрезентацијата на Србија се најде на шестото место.

Хрватска за прв пат е на врвот на ранг-листата од 2006 година и до овој успех дојде благодарение на пласманот во финалето на Дејвис купот каде загуби од Русија.
Хрватска сега има 1435,5 бодови, 59 повеќе од Франција која досега беше на првото место.

До петтото место место нема промени, Шпанија е трета, Белгија е четврта, додека САД се петти.
Репрезентацијата на Србија која загуби во полуфиналето на Дејвис купот токму од Хрватска, се наоѓа на шестото место со 503,13 бодови.

Најголем напредок на ранг листата имаше победникот во Дејвис купот, Русија која скокна за пет позиции и сега се наоѓа на осмото место и ова е нивен прв пласман во топ 10.
Најдобрите 10 тениски репрезентации ги комплетираат Канада која е седма, Германија е деветта и Италија десетта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот