Хорват со „десетка“ го почести Прилеп

Златко Хорват поради финансиски причини го напушти тимот од Автокоманда/фото: РК Металург

Екипата на Металург ја забележа втората победа во ракометната Суперлига откако со 21:28 славеше на гостувањето во Прилеп во рамките на групата Б.

Човек на одлука за Металург беше Златко Хорват кој постигна 10 гола, додека Кондев и Додик дадоа по четири гола за тимот од Автокоманда кој уште од првото полувреме ја имаше контролата над резултатот и играта.

Фаворитската улога во второто коло ја оправаа и Тинекс Пролет и Бутел. Тинекс Пролет со 32:24 беше поуспешен од Астраион. Василевски и Палевски беа одлични во победата на Пролет постигнувајќи по девет гола.

Бутел дури во второто полувреме го скрши отпорот на Младост и славеше со 33:23 откако во првиот дел предноста на домашниот тим изнесување само два гола (15:13). Мирко Мајиќ беше одлично расположен за игра и даде дури 14 гола.

Резултати:
Група А
Радовиш – Голден Арт КЛ7 33:29
Тинекс Пролет – Астраион 32:24
Струга – Јуниор КВ 22:20

Група Б
Еурофарм Пелистер 2 – Работнички 35:23
Прилеп – Металург 21:28
Бутел – Младост 33:23

фото: РК Металург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот