ХОРОР ВО ЃАКОВО: Куче нападнало дете, соседите со лопати и мотики пробувале да го избркаат

Фото: Профимедиа

Белгиски овчар во сопствеништво на 38-годишна жена од Ѓаково, кој пред седум месеци загризал 11-годишно дете, повторно во вторникот на детско игралиште во тој град нападнал осумгодишно дете.

Детето го спасувале жителите и полицијата која поминувала во тој момент, откако виделе како граѓаните излегуваат со лопати и мотики со кои пробуваат да го избркаат кучето. Соседите на крајот успеале да го запрат нападот и го однеле детето во еден двор, од каде полицијата го однела детето во Итна помош во Ѓаково.

Кучето за тоа време побегнало, но брзо било утврдено за кое куче станува збор. Полицијата ја пријавила сопственичката, а Ветеринарната инспекција го одвела кучето на набљудување, пишува Јутарњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот