„Холивудското програмирање е вистинско“: Роуз Мекгоуан го обвини оскаровецот дека ја намамил да имаат секс иако имала 15 години
Слободен печат
Пред
Актерката Роуз Мекгоуан го обвини режисерот и оскаровец Александер Пејн дека ја намамил на сексуален однос кога имала само 15 години, истакнувајќи дека со години била во заблуда мислејќи дека да има однос со него била нејзина одлука, а не силување.
Таа го опиша овој инцидент уште во 2018 година, но тогаш не наведе за кого станува збор.
Првите обвинувања Роуз ги сподели во понеделникот на социјалната мрежа твитер, барајќи „признание и извинување“ од режисерот.
„Александар Пејн. Ме седна и ми пушти нежен порно филм кој ти го режираше за Showtime под друго име“, тврди актерката и истакнува „Се сеќавам на твојот апартман во Силверлејк. Ти си многу обдарен. Ме остави на ќош на улица после тоа. Имав 15 години.
Alexander Payne. You sat me down & played a soft-core porn movie you directed for Showtime under a different name. I still remember your apartment in Silverlake. You are very well-endowed. You left me on a street corner afterwards. I was 15. pic.twitter.com/mVqiN4S9NW
Потоа, Мекгоуан сподели малку подолг инстаграм-пост во кој таа опиша што се случило.
„Со години сметав дека човекот со кој имав сексуални односи било некакво сексуално искуство кое сум го имала. Сега знам дека бев измамена. Појдов на аудиција кај него кога имав 15 години. По моето искуство со него, прекинав да глумам се додека не бев повторно „откриена“ кога имав 21 година“.
„Кога се случи тоа, си реков, зае*и. Во 2012 година дури и споделив твит во кој му честитав за неговиот Оскар, ете толку бев продлабочена во т.н. Култ на Холивуд. Така беше се додека не започнаа обвинувањата притив Харви Вајнстин, три недели подоцна се навратив на целата ситуација“.
Продлжува во објавата: „Се чувствувам лошо фрлајќи бомба во нечиј живот и кариера, но претпоставувам дека ова е, социјална одговорност. Повеќе сум тажна отколку лута. Тажна 15-годишната јас. Тажна за возрасната јасшто своевремено сметаше дека тоа што се случи беше одлука која што јас лично сум ја избрала“.
„Наведувањето во сексуални односи е вистинско. Сакам сите да знаете дека не сте вие криви ако сте биле ментуално „измасирани“ да мислите дека тоа е во ред. Јас го знам ова, сега. Дури одев на негови режисерски настани и го прашував, со насмевка: Се сеќаваш кога имаше секс со мене на 15-годишна возраст? И се смеев. Ете олку е длабоко холивудското социјалното програмирање“.
„Кога се случи тоа, бев оставена во Холивуд на член од семејството да се грижи за мене. Волците ловеа.
Ве молам препознајте доколку и Вам ви се случило ова, срамот не е ваш, нивен е. Вратете им го. Ваквите измамници се искусни оператори и на свои 15 години, јас не бев свесна за знаците кои го укажуваат на тоа“.
„Господ да ве благослови сите, освен оние кои ја злоупотребуваат својата моќ. Живели за слободата, вашата и мојата“ – со овие зборови Роуз Мекгован ја заврши објавата.
Кој е Александар Пејн?
Пејн е ко-автор и режисер на познатите филмски остварувања „Citizen Ruth“, „Election“, „Аbout Schmidt“, „Sideways“, „The Descendants“… Тој е исто така режисер на „Nebraska“ и неодаменшната научно-фантастична сатира „Downsizing“
Досега бил номиран седум пати за Оскар, а добил два, за најдобро адаптирано сценарио за „Sideways“ и „The Descendants“. „Sideways“ исто така доби Златен Глобус и номинација за најдобра музичка комедија во 2004 година.
Има грчко потекло, а во 2015 година се ожени со Мариа Контос, филолог од Грција. Парот има едно заедничко дете, кое го добија во 2017 година. Претходно бил оженет со Сандра Ох, позната по улогата во Killing Eve, а се разделија во 2015 година.
Во 2018 година доби почесна магистратура за фини уметности од Универзитетот во Небраска-Линколн.
Пејн сè уште не ги коментираше обвинувањата.
Роуз беше една од првите жени кои јавно истапија и го прозваа сексуалниот предатор, продуцентот Харви Вајнстин. Таа е, исто така, една од првите иницијаторки на движењето #MeToo за жртвите на сексуалните предатори. Роуз, исто така, го обвини Вајнстин за силување и го опиша своето искуство во мемоарите кои ги нарече „Храбро“.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Зијадин Села и Али Ахмети се очекува да си подадат рака за предизборна соработка в сабота откако попладнево партиските органи на ДУИ и на дел од Алијанса за Албанците се очекуваше да дадат виза за заеднички изборен настап во Европскиот фронт. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Одлуката Алијанса на избори да оди со …
Никотинските кесички популарни под името „снус“ и електронски цигари познато како „вејп“ се тренд кај тинејџерите. Малолетниците никако не смеат да ги користат овие производи бидејќи се штетни по здравјето, дециден е д-р Мартин Петровски од Институтот за јавно здравје. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Овие модерни производи младите ги купуваат без проблем …