Холивудската актерка не обрнува внимание на критиките за целулитот и стриите: Своето тело го сакам такво какво што е!

Холивудската актерка, 48-годишната Џенифер Гарнер минатиот викенд уживаше на плажите во Малибу.

Фотографија – Профимедиа

Папарацо фотографите ја уловија во едноделен сив костим за капење и во опуштено издание.

Уживала во капењето во нејзиниот сив костим и релаксиран изглед без да се оптоварува да го скрие целулитот, стриите и другите „несовршености во телото“ кои се мета на папарацо фотографите.

Фотографија – Профимедиа

Познатите личности честопати се мета на сурови и љубоморни изјави, а додека некои од нив не кријат дека се погодени од ваквите коментари, Џенифер во една пригода изјави дека никогаш не обрнува внимание на коментарите кои ги добива секојдневно.

Profimedia

Никогаш не бев љубител на естетските корекции. Никогаш не бегав од брчките. Своето тело го сакам такво какво што е!“, изјави неодамна во едно интервју една убавата актерка која не беше погодена од последните коментари за нејзиниот целулит што го има скоро секоја жена.

Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот