Холанѓанецот Макели ќе го суди првиот натпревар на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/Ina Fassbender/POOL

Сите со нетрпение го очекуваме стартот на Европското првенство, а тоа официјално ќе се случи на 11 јуни на „Олимпико“ во Рим.

Во рамките од групата „А“ домаќинот Италија ќе ги одмери силите против селекцијата на Турција со почеток од 21.00 часот.

Веќе е познато и кој ќе биде главниот судија на овој меч, тоа е Холанѓанецот Дани Макели кој имаше доста големи мечеви и во минатото.

Но, и доста контроверзни, а помеѓу нив беше и оној меч годинава во квалификациите за Светското првенство помеѓу Србија и Португалија, во кој во самиот финиш не му беше признат чист гол на Кристијано Роналдо при резултат 2:2. ВАР технологија немаше на тој натпревар.

Лани Макели го судеше финалето во Лига Европа помеѓу екипите на Севиља и Интер (3:2).

Во следниот период се очекува да го дознаеме името на човекот кој ќе дели судиска правда на првиот натпревар на Македонија против Австрија на 13 јуни во Букурешт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот