Холандија го суспендира спортот до септември

twitter/Eredivisie

Холандската влада како превентивна мерка во борбата против ширењето на коронавирусот донесе одлука да се забранат сите јавни настани како музички фестивали или професионални спортски натпревари.

Ова значи дека УЕФА ќе мора да ја почитува одлуката на холандската влада иако тие инситираат да се завршат националните првенства. Ваквата одлука исто така ги затекна и челниците на Холандската фудбалска федерација кои имаа намера Ередивизјата да продолжи на 19 јуни и тоа пред празни трибини.

Подобро е да бидеме внимателни отколку подоцна да тагуваме. Би сакал да кажам дека ќе можеме да продолжиме, но оваа ситуација е страшна и опасна. Гледаме мало подобрување кога станува збор за бројките, но замислете да попуштиме со мерките и вирусот повторно да се врати. Такво нешто не сакаме – изјави Марк Руте, премиерот на Холандија.

Најголемите екипи како Ајакс, ПСЖ Ајндвовен и АЗ Алкмар уште од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот бараа сезоната да се откаже.

Федерацијата сега се најде пред голем проблем, дали да прогласи шампион бидејќи Ајакс и АЗ Алмкар се наоѓаат на врвот на табелата со ист број на бодови, но Ајакс има подобра гол разлика или да ја откаже целата сезона.

Во Холандија има преку 34.000 лица заболени од коронавирус, а речиси 4.000 лица се починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот