Летонија/IIHF Men's Worlds

Хокеарите на Летонија изненадија – првпат победија на Олимписки игри по 12 години

Хокеарските возбудувања на Олимписките игри донесоа изненадување,Шведска покажа сила кога беше најпотребно, додека Летонија го приреди најголемото изненадување и ја фрли во сенка фаворизираната Германија.

Летонците славеа со 4-3 против Германците и со тоа се искачија на второто место во групата Ц, сериозно комплицирајќи ја ситуацијата за својот ривал во борбата за елиминациската фаза. Овој триумф има дополнителна тежина ако се знае дека станува збор за прва олимписка победа на летонската хокеарска селекција по пауза од 12 години.

Во истата група, Шведска ја заокружи групната фаза со сигурен настап и победа од 5-3 над Словачка. Иако турнирот го отворија со минимален триумф над Италија, а потоа беа убедливо поразени од Финска, Швеѓаните во третиот меч покажаа стабилност и рутина.

Словаците, пак, уште на стартот демонстрираа дека не се за потценување, шокирајќи ја Финска и најавувајќи сериозни амбиции. Потоа со нешто повеќе мака од очекуваното ја совладаа Италија, но сепак го заверија првото место во групата Б.

Во претпоследниот дуел од денот, Финците не оставија простор за изненадување и со убедливи 9-0 го декласираа домаќинот Италија. Со оваа висока победа, Финска како најдобро второпласирана селекција обезбеди директен пласман во четвртфиналето, каде ќе ѝ се придружи и Словачка како лидер во својата група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот