Ходаи: Средношколски глас повикуваат на протести на Фејсбук, а ние не знаеме ниту кои се тие

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Лидерот на средношколскиот Сојуз, Бленди Ходаи, се уште не знае кој стои зад организацијата Средношколски глас, кои повикуваа на протест против дигитализацијата, објаснувајќи дека токму поради тоа не е во можност да воспостави контакт со нив. 

– Пробавме да воспоставиме контакт со нив, меѓутоа ние се уште не знаеме кои се нивните лидери. Тие на Фејсбук ги повикуваат средношколците на протести и создаваат раздор, без јасно да ги искажат своите барања. Ние сме отворени за разговор, меѓутоа досега немаме никаква соработка со таа организација бидејќи не знаеме кој стои зад неа– вели Бленди Ходаи, во одговор на новинарско прашање на „Слободен печат“. 

„Средношколски глас“ за воведувањето електронски учебници: Ако продолжи инаетот, одиме на протести!

Од претходно Средношколски глас го изразија јасно својот став против дигитализацијата, посочувајќи дека доколку продолжи „инаетот на министерката“, тие ќе излезат на протест. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот