„Средношколски глас“ за воведувањето електронски учебници: Ако продолжи инаетот, одиме на протести!

Доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам, нашето противење ќе прерасне во протести, реагираше „Средношколски глас“.

Целиот период на министерската за образование Мила Царовска е исполнет со скандали, уништување на образованието и инаетење на министерката, реагираше „Средношколски глас“ преку соопштение, откако Царовска најави воведување електронски учебници.

– Последната „реформа“ со учебниците е крајно лоша и дискриминаторска одлука од многу аспекти, но свесни сме дека Мила Царовска има цел сосема да го уништи образованието и дека гласот на граѓаните е апсолутно небитен за министерката. Ние „Средношколски глас“ како средношколска организација строго се противиме против уништувањето на образованието и доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам, нашето противење ќе прерасне во протести, а трпението кај граѓаните е од ден на ден помало. Стоп за уништувањето на образованието, наведува „Средношколски глас“ во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот