„Хјундаи“ повлекува повеќе од 421.000 возила во САД поради дефекти на сопирачките

„Хјундаи мотор компани“ повлекува повеќе од 421.000 возила во САД поради софтверска грешка поврзана со системот за сопирање, објави Ројтерс повикувајќи се на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) на САД.

Повлекувањето се однесува на одредени модели „Санта Круз“, „Тусон“, „Тусон хибрид“ и „Тусон плут-ин хибрид електрик“ произведени помеѓу 2025 и 2026 година.

Регулаторите изјавија дека софтверска грешка во предната камера може да предизвика системот за предупредување за преден судир на возилото да се активира предвреме, што потенцијално може да предизвика возилото неочекувано да сопира и да го зголеми ризикот од судир. Компанијата „Хјундаи мотор“ изјави дека дилерите ќе го ажурираат софтверот на системот за предна камера бесплатно.

Ројтерс потсетува за претходното големо повлекување на 294.128 возила од истиот производител во САД, поради фабрички дефект што можел да предизвика одлепување на држачите на безбедносните појаси. Повлекувањето опфаќаше неколку модели, вклучувајќи ги кросоверите Ioniq 6, Genesis G90 и Santa Fe и во обична и во хибридна верзија.

Хјундаи вложува 21 милијарда долари во американската економија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот