Херта е зимски хит: Вложени 78 милиони евра, ново напаѓачко дуо е Пјонтек-Куња!

фото: твитер

Денеска за 15 милиони евра Херта го ангажираше младиот голгетер на Лајпциг, Матеус Куња кој дојде како замена за Деви Зелке кој е позајмен на Вердер.

Вчера беше објавено дека досегашниот играч на Милан, Кшиштоф Пјонтек потпиша долгорочен договор со бундеслигашкиот клуб на Херта.

За Пјонтек платија 27 милиони евра и ќе претставува големо засилување во тимот на Клинсман, потоа 25 милиони евра се одвоени за Лука Тузар, но веднаш беше позајмен назад во Лион, па во германскиот фудбал ќе се докажува наредното лето.

Аргентинецот Сантијаго Ескобар се очекува да бидат повисоки задачи кој дојде од втората Бундеслига од Штутгарт за 11 милиони евра.

Берлинската екипа е дефинитивно хит на зимскиот преоден рок 2020, успеа да вложи 78 милиони евра за двајца напаѓачи и двајца играчи од средниот ред.

Денеска за 15 милиони евра Херта го ангажираше младиот голгетер на Лајпциг, Матеус Куња кој дојде како замена за Деви Зелке кој е позајмен на Вердер на една и пол година.

Куња кој потпиша договор до 2024 година беше замена за Вернер и Поулсен во Лајпциг, во есенскиот дел забележа 10 меча во Бундеслигата без постигнат гол.

Херта во овој момент е дури 13 место во Бундеслигата, но со ваквите нови засилувања се очекува резултатите да бидат далеку подобри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот