Официјално: Пјонтек од Милан во Херта Берлин
Спортскиот директор на германската екипа, Михаел Приц вели дека Полјакот е еден неверојатно опасен напаѓач кој веќе го покажа својот квалитет.
На еден ден пред завршувањето на зимскиот преоден рок, Херта Берлин го објави трансферот на полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек (долгорочен договор) од редовите на Милан.
Бундеслигашкиот клуб ја информира јавноста дека Полјакот веднаш ќе им се приклучи на своите нови тимски колеги.
Спортскиот директор на германската екипа, Михаел Приц вели дека Полјакот е еден неверојатно опасен напаѓач кој веќе го покажа својот квалитет и реализација во дресот на Милан.
– Сигурен дека тој ќе ни помогне да се подобруваме и развиваме како тим – рече Приц.
Пјонтек кој своевремено му беше соиграч на нашиот Горан Пандев во Џенова, за „росонерите“ во Серија А и Купот на Италија постигна 16 голови во 41 натпревар.