Хемикалиите од амбалажата во која стои храната СЕРИОЗНО ШТЕТНИ по здравјето

Храна во маркет / Фото: Архива на Слободен печат

Забрзаниот начин на живот ги принуди луѓето секојдневно да консумираат храна од разновидна амбалажа која е направена од широк спектар синтетички хемикалии.

Со тек на време, хемикалиите од амбалажата завршуваат во храната која луѓето ја консумираат, што може да доведе до акумулација на токсини во организмот.

Студијата објавена во списанието „The Journal of Epidemiology and Community Health“ предупредува на потенцијално штетните ефекти кои долгорочната изложеност на таквите споеви може да има по здравјето.

Некои од нив се формалдехиди, фталати, бисфенол А, контроверзни хемикалии кои се поврзуваат со ризик од карцином и други хронични болести.

Треба да се напомене дека сите споеви присутни во амбалажите се во мерка која е пропишана во правилниците, но авторите на студијата ја истакнуваат загриженоста поради долгорочното изложување на тие споеви, нивните акумулации и влијанието на органските системи.

Авторите на студијата, исто така предлагаат проценка на нивото на цела популација и методот на биомониторинг за да се утврди поврзаноста меѓу состојките присутни во амбалажите и ризикот од дијабетес, дебелина, карцином и други хронични болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот