Хелсинки потврди: Македонскиот голман Дејан Илиев се сели во нов клуб

Фото: Dejan Iliev/FB

Македонскиот чувар на мрежата Дејан Илиев ја завршува својата епизода во ХЈК Хелсинки, потврди клубот од Финска преку социјалните мрежи.

Поради повреда Илиев пропушти дел од сезоната, а Хелсинки одлучи да не ја искористи опцијата да му го продолжи договорот.

„За Дејан Илиев сезоната заврши уште на крајот на јули со повреда. Во своите 11 натпревари успеа да ги убеди навивачите во своите квалитети. ХЈК не ја искористи можноста да ја продолжи соработката и тој ќе замине на друго место. Ти благодариме Дејан“, објави клубот од Финска.

Претходно во медиумите се најавуваше дека нов клуб за Илиев може да биде Сараево од Босна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот