Македонскиот репрезентативен голман Илиев се поврзува со трансфер во ФК Сараево?!

дејан илиев
Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев/фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Досегашниот голман на босанскиот фудбалски клуб Сараево, Мухамед Шахиновиќ дефинитивно ќе ја напушти екипата, а според тамошните медиуми веќе е пронајдена и замена.

Нов клуб на Сараево би требало да биде македонскиот репрезентативен Дејан Илиев, кој моментно е член на финскиот ХЈК.

Од 2012 до 2022 година беше дел од англискиот гигант Арсенал, но не запиша ниту еден официјален настап за првиот тим, па играше на позајмица во Серед, Јагелонија, Шрезбери и Серед, а по разделбата со лондонскиот клуб се пресели во Тренчин.

Во 2022 година го имаше дебито за најдобрата македонска репрезентација во победата над Гибралтар (2:0).

Поради операцијата за санирање на оштетените тетива и лигаменти ги пропушти сите натпревари на ХЈК до крајот на сезоната. Инаку, ХЈК стана шампион на Финска за 2023.

Инаку Илиев доколку се пресели во редовите на Сараево нема да се смета како странец, туку како домашен фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот