Хегсет ќе одговара пред Конгресот за милијардите што Америка ги троши за војната со Иран
Пиг Хегсет е под жесток удар и од сопствените редови поради масовните смени на врвни воени кадри, вклучително и на генералот Ренди Џорџ.
Министерот за одбрана Пит Хегсет денеска се соочува со испрашување од страна на членовите на Конгресот за првпат откако администрацијата на Доналд Трамп ја започна војната против Иран, која демократите ја оспорија како скап „конфликт по сопствен избор“, воден без одобрение од Конгресот, објави „Бостон глоуб“.
Препорачано
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, се соочува со првото официјално сослушување пред Конгресот во услови на воена состојба со Иран. Главна тема е предложениот воен буџет за 2027 година од рекордни 1,5 трилиони долари. Сепак, демократите планираат да го префрлат фокусот на огромните трошоци од војната, исцрпените мунициски резерви и цивилните жртви.
Трамп им рекол на своите луѓе да се спремат за продолжена блокада на Иран
Иако војната започна без конгресно одобрение, републиканците засега му даваат поддршка на претседателот Трамп, иако притисокот расте поради економските последици од затворениот Ормутски Теснец. Енергетската криза и високите цени на горивата стануваат сериозен политички товар пред изборите.
Дополнително, Хегсет е под жесток удар и од сопствените редови поради масовните смени на врвни воени кадри, вклучително и на генералот Ренди Џорџ. Републиканските сенатори како Том Тилис го доведуваат во прашање неговото управување со Пентагон, нарекувајќи ги смените на искусни генерали во време на активен конфликт „несовесно однесување“ кое директно му штети на воениот капацитет на САД.
ЕУ губи 600 милиони долари дневно поради војната во Иран, алармира Фон дер Лајен


