Фото: Bonnie Cash - Pool via CNP / Zuma Press / Profimedia

Трамп им рекол на своите луѓе да се спремат за продолжена блокада на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на својот тим да се подготви за продолжена блокада на Иран бидејќи преговорите за крај на војната се наоѓаат во ќорсокак, се вели во еден извештај.

Американски владини претставници изјавија за „Волстрит журнал“ дека претседателот верува оти одржувањето на конфликтот во моменталната неизвесна состојба ќе им наштети на финансиите на режимот и ќе ја ослаби неговата преговарачка моќ.

Аналитичарите проценуваат дека тековната американска блокада на иранските пристаништа и бродови го чини Техеран дури 435 милиони долари дневно, додека напумпаните цени на нафтата продолжуваат да им штетат на потрошувачите на Западот, што резултира со пад на популарноста на Трамп дома.

Снобовски хумор во Белата куќа, кралот Чарлс го пецна Трамп: Да не бевме ние, вие ќе зборувавте француски

Висок американски функционер изјави за весникот дека блокадата „очигледно ја уништува иранската економија бидејќи режимот мака мачи да го складира вишокот на непродадена нафта“. Затворањето на иранските нафтени извори би можело да ја направи нафтата трајно недостапна, нанесувајќи загуби од милијарди долари.

Претходно беше објавено дека Трамп бил незадоволен од најновиот мировен предлог од Иран бидејќи со него се барало одвојување на преговорите за нуклеарната програма од пошироките напори за повторно отворање на Ормускиот Теснец и ставање крај на конфликтот.

Американскиот претседател на социјалните мрежи тврдеше дека Иран е во „состојба на колапс“ и дека „тие сакаат Ормускиот Теснец да биде отворен“.

Има ли некој во Техеран да го каже судбоносното „да“ за крај на војната?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот