Хашимото: Игрите во Токио ќе се одржат, можно е без публика!

epa09228319 Seiko Hashimoto (R), President of the Tokyo 2020 Organizing Committee of the Olympic and Paralympic games, delivers opening remarks during a Tokyo 2020 executive board meeting in Tokyo, Japan, 26 May 2021. EPA-EFE/Nicolas Datiche / POOL

Остануваат 50 дена до почетокот на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија. Сеико Хашимото, првата дама на најголемиот спортски настан во светот, не се сомнева дека игрите ќе се одржат, иако ситуацијата со коронавирусот во Јапонија е прилично незавидна.

– 100 проценти сум сигурна дека игрите ќе се одржат. Сега единствено прашање е што ќе сториме за да бидат уште побезбедни и посигурни за сите учесници – рече Хашимото.

Во Јапонија, епидемијата на коронавирусот е во полн ек и мнозинството од населението е против одржување на Игрите.

– Знам дека луѓето се чувствуваат несигурни и се прилично фрустрирани кога зборуваат за Игрите. И натаму трае вонредната состојба во Јапонија. Доколку оваа состокба продолжи, сите мора да се подготвиме за Олимписки игри без гледачи. Ние веќе одлучивме дека нема да има гледачи од странство, но постои реална можност воопшто да нема публика на натпреварите – додава Хашимото.

Во Токио каде што се очекува да учествуваат  се најавува дека ќе има вкупно 878 церемонии за доделување на медали, 339 за време на Олимписките игри и 539 за време на Параолимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот