Хашим Тачи шест часа сослушуван во Хаг, еве што изјави кога излезе од Судот

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Според соопштението на обвинителот, Тачи, Весели и другите се осомничени за речиси 100 убиства.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска, по 6 часа распит во просториите на Специјалниот совет и обвинителство во Хаг, дека цело време ги слушал техничките прашања што му ги поставувале претставниците на обвинителстовот и неговиот правен застапник и најави дека утре продолжува распитот.

Тачи, која се наоѓа на распит во Хаг на повик на специјалниот обвинител по повод обвинението за воени злостроства на Косово, не изнесе други детали, пренесува Радио Слободна Европа.

 

Пред да влезе во зградата на судот, Тачи рече дека се борел за независно и слободно Косов, „засновано на еднакви права, мултиетничко општество и владеење на законот“, и дека е подготвен да се соочи со новите предизвици и триумф за својот син, семејството, народот и својата држава“, пренесоа приштинските медиуми.

 

„Никој не може да ја препишува историјата. Ова е цена за слободата. Верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со своите соеди. Косово е приказна за успех и на тоа сум многу горд. Дестинацијата на Косово е членство во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со САД“, рече Тачи.

Приштинските медиуми пренесоа дека пред седиштето на судот го пречекале неколку десетици Албанци кои протестирале против обвинението, кое заедно со него го товари и лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК), поранешниот претседател на собранието Кадри Весели и други.

Албанците кои го дочекаа носеа различни транспаренти и му скандираа на Тачи, пренесува Коха диторе.

Банер за поддршка на Тачи и Весели денеска е истакнат во Хаг/ Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Обвиненеието против Тачи е покренато на 24. април и сега се наоѓа кај судија задолжен за нејзиното преиспитување и донесување одлука за потврдување, соопшти кон крајот на јуни Специјализираното обвинителство.

Според соопштението на обвинителот, Тачи, Весели и другите се осомничени за речиси 100 убиства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот