Харви Вајнстин го победи коронавирусот

профимедиа

Харви Вајнстин (68) е излекуван од коронавирусот, дознава Дејли Мејл. Продуцентот кој неодамна е осуден поради сексуално злоставување, повеќе нема грозница, ниту кашлица, а ставен е во карантин кој трае 14 дена.

Тој моментално е сместен во единицата за ментално здравје, каде е ставен на набљудување, со цел да не изврши наводно самоубиство, наведоа официјалните лица од затворот во кој Вајнстин се наоѓа.

Изворот близок на Вајнстин тврди дека е изненаден како продуцентот го преживеал коронавирусот, бидејќи тој со години има други здравствени проблеми, вклучувајќи висок крвен притисок, срцеви проблеми, како и дијабетес.

– Го изгубивме контактот со него кога беше тестиран за КОВИД-19, бидејќи беше сместен во изолација под карантин. Имаше грозница и кашлица. Човекот беше во многу лоша здравствена состојба. Не можам да верувам дека го преживеа ова. Мислев дека ова ќе му биде крајот, изјави извор близок на Вајнстин.

Инаку, Харви Вајнстин ја служи затворската казна од 23 години поради сексуални напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот