Харви Вајнстајн е позитивен на коронавирусот!

Осудениот филмски могул Харви Вајнстајн, наводно се покажал како позитивен на коронавирус тестовите, бидејќи тестирањето е задолжително во затворот. Овој 68-годишен холивудски продуцент  е во изолација во Казнено-поправната установа во Ведеу што е недалеку од Бафало. Тој во средината на март беше осуден на 23 години затвор, поради обвинение за силување и сексуално малтретирање.

profimedia

Обвинението е составено на темел на сведочењето од страна на Мириам Хејли, поранешната вработена на Вајнстајн во неговата продукциска куќа, која Вајнстајн сексуално ја нападнал во 2006 година, но и актерката Џесика Ман која ја силувал во 2013 година. Веста за неговото наводно заболување е објавена во американските весници.

Фото: Профимедиа

Од затворот не сакале да потврдат, но ниту да ги демантираат тврдењата, повикувајќи се на сојузниот закон за приватност, но изјавиле дека два затвореника во Вендеу имаат коронавирус.

„Тестиран е и позитивен на коронавирус, моментално се наоѓа во карантин“, изјавил изворот за Дејли мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот