Харадинај: Авионските и железничките линии со Србија ќе го зајакнат суверенитетот на Косово

Косовапрес

Работни групи на надлежните институции на Косово и Србија започнаа деновиве преговори за обновување на воздушните и железничките врски меѓу двете земји, кои беа прекинати по војната во 1999 година.

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај изјави денеска дека договорите за отворање авионски и железнички линии со Србија се во интерес на Косово и го јакнат неговиот суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук по средбата со работните групи на Авторитетот за цивилно воздухопловство и оној за патен транспорт и патна инфраструктура, Харадинај оцени дека тие договори се полезни и за граѓаните на Косово.

– Работна средба со работните групи на Авторитетот за цивилно воздухопловство на Косово и Авторитетот за патен транспорт и патна инфраструктура, за разгледување на Писмото за намери за натамошно унапредување и усогласување на дејствијата на инволвираните страни во овој процес. Значајно е да се нагласи дека договорите за авионската линија и за железницата Косово – Србија се полезни за граѓаните на земјата и во интерес на Косово. Овие дејствија претставуваат напредок во она што е Косово и јакнење на нашиот суверенитет, напиша Харадинај.

Работни групи на надлежните институции на Косово и Србија започнаа деновиве преговори во Берлин, со посредство на американскиот амбасадор во Германија и пратеник на претседателот Доналд Трамп за преговорите меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел, за обновување на воздушните и железничките врски меѓу двете земји, кои беа прекинати по војната во 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот