ХАОС ВО МЕКСИКО: Жестоки престрелки откако полицијата случајно го лоцираше синот на Ел Чапо

Фото: EPA-EFE/STR

Жестоки престрелки и размена на оган се забележани во северниот дел на Мексико меѓу безбедносните сили и озлогласениот картел Синалоа, чиј прв човек беше Хоакин Гузман Ел Чапо. Полицијата во рутинска акција пронајде лидери на оваа криминална организација, за потоа дејствијата да ескалираат, објави Би-Би-Си.

Овидио Гузман Лопез, синот на еден од највлијателните криминални босови на денешницата Ел Чапо, бил лоциран за време на рутинска патрола во градот Кулиакан.

Гузман (62) беше прогласен за виновен од судот во Њујорк, САД, за дела кои вклучуваат криумчарење на дрога и перење на пари. Тој успеа да избега од затвор во Мексико преку тунел во 2015 година, но подоцна беше уапсен и екстрадиран во САД во 2017 година. Тој е поранешен прв човек на картелот Синалоа, за кој официјалните лица сметаат дека бил најголем доставувач на дрога во САД.

Фото: EPA-EFE/IVAN MEDINA

Државната влада рече дека Овидио Гузман бил пронајден во една куќа во рутинска патрола на полицијата. Се вели дека веднаш потоа, членовите на картелот силно одговориле со вооружен напад и се обиделе да го вратат од властите.

Според пишувањата на Би-Би-Си, за време на престрелката имало и обид за бегство од локалниот затвор, бидејќи тамошните затвореници се обиделе да го искористат хаосот настанат на улиците.

Фото: EPA-EFE/LUIS GERARDO MAGANA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот