Хамилтон најдобар на Штаерска, дебакл на Ферари! (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Штаерска, втората трка сезонава во Формула 1 шампионатот.

Британецот на патеката „Ред Бул ринг“ ја забележа 85 победа во кариерата, што значи дека сега го делат уште шест триумфи од рекордот на Михаел Шумахер.

Хамилтон пред една недела на истото место го освои четвртото место, а овојпат водеше од стартот до целта, со одлични кругови и неговата победа во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Второто место го освои Валтери Ботас (Мерцедес) кој пак најдобар на првата трка, а на третата позиција се најде возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Прочитајте и...  Елмас би можел да игра со Фалкао, Бабел, Арда Туран..!

Дуото на Ферари претрпе катастрофа на оваа трка, откако уште во првиот круг се судрија Шарл Леклер и Себастијан Фетел, кои недолго потоа се откажаа.

Леклер му се извини на Фетел за денешниот инцидент во Австрија.

Разочаран сум од себеси. Не можам да опишам со зборови колку е срамно. Направив недопустива грешка. Ја уништив седумдневната напорна работа на целиот тим. Бев нестрплив во желбата да напредувам од самиот почеток. Ќе ја научам лекцијата од оваа грешка – стои во извинувањето на Леклер.

Следната трка е предвидена да се одржи по седум дена во Унгарија.

Прочитај повеќе

Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

Слободен печат

Ракометарите на Металург со негативни тестови на коронавирус

Слободен печат

Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

Слободен печат

Од ФФМ разочарани поради односот на одговорните лица во Општина Прилеп

Слободен печат

„Дрим-тимот“ на ФИБА Евробаскет во последните две децении

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЛШ, Тухел: Одбраната ќе биде многу важна против Аталанта!

Слободен печат

СЕХА: Без гледачи на реванш натпреварот Вардар-Нексе!

Слободен печат

Почина човекот кој ја одведе Црвена звезда на светскиот трон! (ВИДЕО)

Слободен печат

Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои ЛШ (ВИДЕО)

Слободен печат

Кузма со тројка во последните секунди за радост на Лејкерси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Елмас би можел да игра со Фалкао, Бабел, Арда Туран..!

Слободен печат