фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Халанд не мисли само на фудбал – инвестираше многу пари во шах

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, влегува и во светот на шахот со сериозна инвестиција, приклучувајќи се кон новата глобална турнеја „Total Chess World Championship Tour“

Во Норвешка шахот доживува вистински бум веќе подолго време, најмногу благодарение на доминацијата на Магнус Карлсен, кој повеќе од десет години е на врвот на светската ранг-листа. Очигледно, оваа популарност влијаела и врз Халанд, кој отворено ја покажува својата наклонетост кон оваа интелектуална игра.

„Шахот е фасцинантен те принудва да размислуваш побрзо и подлабоко, слично како и фудбалот. Потребни се брзи одлуки, чувство за моментот, но и способност да предвидиш неколку потези однапред. Стратегијата е клучна. Верувам дека оваа турнеја има потенцијал да го доближи шахот до пошироката публика низ светот, па затоа решив да бидам дел од неа“, изјави Халанд.

Проектот, кој добива поддршка и од светската шаховска федерација, предвидува организација на четири големи турнири годишно, на различни континенти. На нив ќе настапуваат врвни шахисти во три формати, класичен, забрзан и блиц.

Почетокот на турнејата е планиран за оваа есен, а секој од турнирите ќе располага со награден фонд од најмалку 2,7 милиони долари, што дополнително ја нагласува амбицијата шахот да стане уште попривлечен и покомпетитивен на глобално ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот