„Халанд е опседнат, може да постигне и 800 голови“
Eрлинг Халанд одлично се прилагоди во Манчестер Сити, како што тргна Норвежанецот се закани дека ќе ги сруши сте голгетерски рекорди. Големо мислење за кариерата на Халанд има и неговиот соиграч Кевин Де Брујн.
Препорачано
Во досегашниот дел од сезоната Халанд постигна 24 гола на 19 натпревари, а бидејќи не беше дел од Светското првенство сега одморен го дочекува продолжението од сезоната. Норвежанецот веќе беше стрелец во Лига купот против Ливерпул.
„Ерлинг е опседнат со голови. Веќе има околу 200, па верувам дека може да стигне до 600, 700 па и 800 голови ако остане здрав и фокусиран на фудбалот. Тој е напаѓач од светска класа. Не се разликува премногу од сите други.
Кога зборуваме за фудбалерите – професионалци или воопшто во сите спортови, мислам дека мора да го имате тој некој посебен дар кој прави да бидете најдобрата верзија од себе. Халанд и понатаму е многу млад, ужива во животот, но фудбалот го сфаќа сериозно. Обожава да постигнува голови и тоа е нешто што го исполнува“, истакна Де Брујн.
Во овој момент Манчестер Сити е пет бодови зад лидерот Арсенал по 14 одиграни натпревари, а денес се играат натпревари во Премиер лигата на познатиот „Боксинг деј“.


