„Боксинг деј“ во Премиер лигата: Зошто Англичаните повеќе од 120 години играат фудбал на овој ден?
Неодамна заврши Светското првенство во Катар, а први во клупскиот фудбал се враќаат Англичаните кои денес традиционално играат фудбал на познатиот „Боксинг деј“.
Препорачано
Играњето фудбал на овој ден започнува од самите почетоци на фудбалот каков што денес го познаваме. Шефилд и Халам одиграа натпревар во 1860 година. Потоа во првата сезона од старата Фудбал Лига (1888/1889) Престон на 26 декември го совлада Дерби со 5:0 и така на тој датум започна да се игра фудбал.
Постојат неколку теории според кои „Боксинг деј“ го добил името, но најинтересна е онаа со господарите и слугите. „Christmas Box“ e англиското име за Божиќен подарок. Богатите Англичани кои во своите домови имале слуги и помошници, на 26 декември ги добиле своите подароци, а поради тоа денот бил наречен „Боксинг деј“.
Втората теорија е дека на Божиќ во црквите се собирале пари, а еден ден подоцна (на Боксинг деј) истите се отварале.
Но, како и да е веќе повеќе од 120 години од тој 26 декември во Обединетото кралство се игра фудбал, Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат.
НАТПРЕВАРИТЕ КОИ СЕ ИГРААТ ДЕНЕС:
Брентфорд – Тотенхем
Кристал Палас – Фулам
Евертон – Вулвс
Лестер – Њукасл
Саутемптон – Брајтон
Астон Вила – Ливерпул
Арсенал – Вест Хем


