Хакери украле скоро 600 милиони долари во криптовалути на платформата Поли Нетворк

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Хакери украле криптовалути во вредност од 600 милиони долари на дигиталната платформа Поли Нетворк, во најголемиот грабеж во историјата на децентрализирани финансиски платформи, пренесува Би-Би-Си.

Платформата објави на Твитер информации за грабежот, наведувајќи ги деталите за дигиталните паричници на кои се префрлени парите, според нивните тврдења, и ги повика корисниците да не прифаќаат криптовалути од тие адреси.

Во време на кражбата, вредноста на украдените криптовалути била нешто повеќе од 600 милиони долари, според „Д Блок“ (публикација за крипто-трговија).

Грабежот е меѓу најголемите во историјата на децентрализирани платформи за финансиски трансакции во криптовалути, надминувајќи го хакерскиот напад на платформата Коинчек со седиште во Токио во 2018 година, кога беа украдени 530 милиони долари во биткоини.

Платформата Мт.гокс пропадна во 2014 година по кражба во која исто така „исчезнаа” околу половина милијарда долари биткоини.

Од Поли Нетворк се украдени повеќе пари отколку што биле украдени во сите слични грабежи во секторот за децентрализирани финансиски трансакции помеѓу јануари и јули оваа година, и таа сума се искачи на рекордни 464 милиони долари, според извештајот на СајперТрејс.

Децентрализираните финансиски платформи овозможуваат размена на криптовалути без традиционалните механизми за контрола обезбедени од банките и берзите.

Застапниците тврдат дека технологијата го „демократизира” пристапот до финансиски услуги, додека критичарите истакнуваат дека таа во голема мера е нерегулирана и ранлива на хакерски напади и грабежи поради технолошките „дупки” и слабости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот