Хајди Клум во продолжението на серијата „Сексот и градот“? Дали таа е новата Саманта?

Фото: Профимедиа

Најпознатата германска манекенка Хајди Клум на својот Инстаграм профил ги изненади своите следбеници со фотографија на која позираше со ѕвездите од серијата „Сексот и градот“ и напиша дека таа ќе ја замени Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс.

– Како се вика Саманта на германски јазик? Беше толку тешко да се одржи ова изненадување, но конечно можам да споделам дека се приклучувам во новата сезона на „Сексот и градот“! Едвај чекам да испијам „Космос“ коктел и да прошетам во чевли од Маноло Бланик заедно со овие неверојатни дами – напиша Клум и воодушеви милиони нејзини обожаватели.

Фото: Инстаграм

Сепак, по неколку часа, таа објави видео и во описот напиша дека само се шегува, бидејќи на денот на објавата всушност беше 1-ви април.

– Само се шегувам. Првоаприлска шега – напиша Хајди. Сепак, обожавателите на серијата сè уште не и веруваат и тврдат дека сè е вистина, но дека таа сè уште не смее да објавува детали за нејзината улога, но и дека Хајди навистина е создадена за оваа улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Да потсетиме, во новиот „Сексот и градот“ ќе ги следиме авантурите на Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристен Дејвис) во нивните 50-ти години. Како што е познато, некои ликови во оваа реализација, сепак, нема да ги видиме, како Саманта, Ѕверка и Стив Брејди.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот