Хафтар предвидува нова војна во Либија

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Командантот на Либиската национална армија (ЛНА), фелдмаршалот Калифа Хафтар, се закани со нова војна во Либија доколку не биде постигнат политички договор и ако не се одржат избори.

Тој ова го изјави на воената парада во базата Бенин во Бенгази, организирана по повод седум годишнината од почетокот на операцијата „Достоинство”, која припадниците на ЛНА ја спроведоа за да ги елиминираат терористичките групи.

– Нема да се двоумиме повторно да влеземе во борба за воспоставување мир со сила, доколку не се постигне кохерентен политички договор. Дојде време за помирување и толеранција, за изградба на нова Либија – Либија на доброто и мирот, Либија на безбедноста, истакна Хафтар, додавајќи дека армијата била блиску до „ослободување на Триполи”, но светот „побрза да ја запре офанзивата”.

На парадата присуствуваа единици на копнените сили, морнарицата, воздухопловството, противвоздушната одбрана, граничарите, специјалните единици и падобранците. Како што увери официјалниот претставник на армијата, генерал-мајор Ахмед ал-Мисмари, „воената парада не е насочена кон никого”.

До неодамна, две извршни тела коегзистираа во Либија – Владата на национална согласност во Триполи предводена од Фаиз Сараџ и привремената влада во источниот дел на земјата, поддржана од Либиската национална армија на Калифа Хафтар и од парламентот. Вооружените сили на завојуваните страни водат борби од 2014 година, а пролетта 2019 година, Хафтар, чие седиште се наоѓа во Бенгази, започна офанзива против главниот град Триполи.

На почетокот на оваа година, Хафтар постојано предупредуваше дека условите од договорот за прекин на огнот од 23 октомври всушност не се исполнети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот