Хабиб на есен се враќа во октагонот, следи борба со Гејчи

твитер

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека Нурмагомедов се подготвува за кам-бек на борбите по смртта на неговиот татко.

Хабиб Нурмагомедов во октомври годинава ќе влезе во откагонот во борба против привремениот шампион во УФЦ во лесна категорија, Џастин Гејџи, потврди претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

Тоа што се шпекулираше во изминатите денови, конечно доби потврда од првиот човек на УФЦ.

Според првичниот план, борбата треба да се одржи на 24. октомври и тоа ќе биде прва борба за Нурмагомедов откако остана без неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов кој почина неодамна, а му беше и ментор и тренер и родител.

Иако имаше се појавија информации дека Хабиб ќе се пензионира по смртта на татко му, тоа беше демантирано од неговиот агент Али Абделазис и најави дека неговиот клиент до крајот на годината ќе влезе во октагонот.

Негов противник на 24. октомври ќе биде Џастин Гејчи кој во борбата за привремениот наслов во лесна категорија со уништи Тони Фергусон.
Хабиб Нурмагомедов во досегашната ММА кариера нема ниту еден пораз во 28 борби, додека Гејчи има скор од 22 победи и само два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот