Гвардиола влегува во „Клубот 1000“: Сер Алекс Фергусон му оддаде почит
Легендарниот тренер на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се придружи на мноштвото великани кои му оддадоа почит на Пеп Гвардиола пред неговиот голем јубилеј.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фергусон му честиташе на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред неговиот 1000 натпревар како менаџер в недела од 17.30 часот против Ливерпул приклучувајќи се на „ексклузивен клуб“ во кој веќе се вклучени имиња како Жозе Мурињо и Арсен Венгер.
Гвардиола ја започна својата тренерска кариера во Барселона, каде што беше промовиран од Б-тимот во првиот тим во 2008 година. Таму тој создаде еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот, предводен од Лионел Меси, Чави и Андрес Иниеста, со кои освои сè што можеше да се освои, вклучувајќи ја Ла Лига и Лигата на шампионите.
По четири години на Камп Ноу, следната станица беше Баерн Минхен. Во Германија, тој продолжи да освојува домашни трофеи и го заврши својот тригодишен престој на Алијанц Арената со нови успеси во својата биографија.
Тој пристигна во Премиер лигата во летото 2016 година и го презеде Манчестер сити. Тој ги предводеше „Граѓаните“ до 18 трофеи досега, вклучувајќи шест шампионски титули во Англија и историска тројна круна во сезоната 2022/23, кога беше освоена и долгоочекуваната Лига на шампиони. Тој го продолжи договорот со клубот до 2027 година, што значи дека ќе помине повеќе од една деценија на „Етихад“.
Поранешниот менаџер на Јунајтед, кој донесе 13 титули во Премиер лигата на „Олд Трафорд“, зборуваше со пофалби за Гвардиола.
– Пеп! Апсолутно ми е драго што те поздравувам во престижниот клуб 1000 на „ЛМА Сала на славните“. Твојата длабока љубов и страст кон играта отсекогаш биле толку очигледни и треба да бидеш многу горд на неизбришливото влијание што продолжуваш да го имаш врз глобалната игра – рече Фергусон.


