Гвардиола лут поради распоредот: „Ова е навистина премногу, играчите се супермени“

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола повторно беше центарот на вниманието по натпреварот со Бурнмаут (1:0) во 26 коло од Премиер лигата.

Гвардиола е познат како некој кој секогаш сака да го оттргне вниманието од играчите, на некој начин да им ги олесни работите и да ги префрли сите критики на себе, а така беше и сега.

– Ги сакам моите играчи – тие се супермени. Тие се одлични. Веќе долги години играме натпревари на секои три дена, додека нашите ривали имаат една недела да се подготват за натпреварите. Секогаш имаме помалку време да се подготвиме за натпреварите – изјави Гвардиола.

Манчестер сити е на второто место во Премиер лигата со 59 бодови, додека Ливерпул е прв со 60.

– Ние бараме премногу од нашите играчи, но тие одговараат на сите наши барања. Знам дека луѓето велат: „заработуваат многу пари“, но тоа што се прави со распоредот е премногу. Мора да продолжиме понатаму. Нашите фудбалери имаат неверојатен карактер, конкурентни се. Дури и кога се уморни – вложуваат дополнителен напор. Нашите навивачи мора да се гордеат со овие играчи – рече Шпанецот.

Фудбалерите на Манчестер сити во следното коло од Премиер лигата ќе играат против градскиот ривал Манчестер јунајтед (3 март, 16.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот