Фото: Manchester City

ВИДЕО | Фоден човек на одлука во победата на Манчестер Сити

Екипата на Манчестер Сити забележа уште една минимална победа, сега против Бормут на гостински терен (0:1). Во минатото коло со истиот резултат избраниците на Пеп Гвардиола беа подобри од Брентфорд исто така на гости.

Првата посериозна закана Манчестер Сити ја испрати преку Ерлинг Халанд кој шутираше покрај голот. Добрата игра на „граѓаните“ со гол беше крунисана во 24. минута, а голот го постигна Фил Фоден. Англискиот репрезентативец ја искористи одбиената топка и го матираше домашниот голман.

По некоја шанса за гол имаше и во второто полувреме, меѓутоа резултатот остана непроменет, па Манчестер Сити освои важни три бода во трката со Ливерпул за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул на табелата на врвот има еден бод повеќе од Манчестер Сити, а четири повеќе од Арсенал кој својот натпревар го игра вечерва против Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот