Ѓуроски не се договори со францускиот Евре

twitter.com/melillaesdeport

Прекинот на сезоната во ПРО Б лигата е една од причините поради која нашиот репрезентативец заминува од Франција.

Актуелниот македонски репрезентативец не ги договори условите за продолжение на соработката со францускиот ПРО Б лигаш Евре. Па по една, нецела, сезона помината во Евре во онаа наредната ќе игра во друга средина.

Не останувам во Евре. Вистина е дека преговаравме во изминатиот период, но не постигнавме согласност да го продолжам договорот за наредната сезона – рече 203 сантиметри високото крило на македонската сениорска селекција, Стојан Ѓуроски.

Оваа сезона како играч на Евре, ќе памети по тоа дека одигра на вкупно 20 натпревари. И дека за просечни 26.3 минути по натпревар, дојде до просек изразен преку 8.4 поени, 3.3 скока и три асистенции по натпревар. Реализираше со 33.7% во шутот за три и 45.5% во оној за два поени. Имаше и 82.4% реализација од линијата за слободни фрлања.

Претходно, 28-годишниот играч играше во Шпанија, за второлигашите Мелила и Хуеска. И нема да биде никакво изненадување доколку и во наредната сезона ќе биде на Пиринејскиот Полуостров.

Од Шпанија носам убави искуства. Зошто да не, но сè ќе зависи од понудите во текот на летото – додаде нашиот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот