Ѓукановиќ: Ќе се согласиме да слушнеме добри аргументи за Законот за вероисповед

Добро е што продолжува дијалогот меѓу владата и Митрополијата црногорско – приморска, но од примената на Законот за слобода на вероисповед нема да се откажам

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не ја исклучува можноста за измени на Законот за слобода на вероисповедта, со, како што вели, добри аргументи. Тој оцени дека е добро што е продолжен дијалогот меѓу владата и Митрополијата црногорско-приморска, но од примената на Законот за слобода на вероисповед нема да се откаже.

-Ќе се согласиме да слушнеме добри аргументи, и доколку слушнеме добри аргументи, за тоа ќе разговараме, рече Ѓукановиќ, пренесен од подгоричкиот портал Антена М.

Според Ѓукановиќ се очекува дека во тој дијалог ќе дојде до решенија кои се двострано задоволителни, но истовремено истакна „ подготвени сме да ги браниме принципите на кои го донесовме законот, но подготвени сме и да слушнеме и добри аргументи од другата страна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот