Грозните тајни на Дубаи: Поради ова се оди во затвор!

WIKIPEDIA

Голем број на луѓе ќе ви кажат дека Дубаи е највозбудливиот град во светот – на сите тие луксузни облакодери, тони злато, скапоцени автомобили, бајковити ресторани и луди ноќни клубови. Но, тоа е слика која им се сервира на туристите кои пијат коктели покрај базенот во некој луксузен хотел.

Дубаи има своја значително помрачна страна, а таа пред се се однесува на ограничувањето на човековата слобода. Тие работи секако тешко ќе им паднат на туристите од западот, особено на оние кои се неупатени, а наизглед за нормалното и насекаде во светот прифатено однесување можат да заработат осуда во јавноста, финансиска казна, па дури и затворска казна.

Ова се неколку од нив, прочитајте и бидете информирани доколку патувате во Дубаи.

Внимателно пакувајте се

Внесување на порнографски материјали, свинско и дрога може да ве однесе до сериозни проблеми. На пример, јапонски инженер, кој работно патувал во Дубаи е уапсен затоа што полицијата во неговиот куфер нашла порнографски ДВД цедиња, кои тој си ги земал. Дури и внесувањето на аналгетици може да биде опасно, предупредуваат експертите.

Затвор поради бакнување во јавноста

Поголемиот број од Дубаи се повеќето муслимани, што значи дека правилата, а послебно она што е интимност, строго се спроведуваат. Сите оние фотографии од Инстаграм лесно можат да ве излажат прикажувајќи го како либерално место, но тоа е најголемата грешка која човек може да ја направи пред посетата таму. Не само што е забрането бакнувањето, туку илегално е и да се држиш за рака во јавност, а туристите кои ќе ги прекршат тие правила плаќаат големи казни. Доколку се одлучат да се побунат, дури се заканува и казна затвор. Не е потребно да се истакнува дека сексуалните односи пред бракот се забранети во Обединетите Арапски Емирати, па и таквото однесување е голем ризик.

Проституција

Иако законите се строги по прашањето за алкохолот, дрогата и сексот, правилата не важат секогаш. Девојка може да се најде во неволја само ако по улица оди се непокриени раце, но кога ќе падне ноќ тоа се менува. Најстарата професија во светот цвета во Дубаи, постојат повеќе од 30.000 проститутки кои отворено ја покажуваат својата кожа и наплаќаат 500 долари за еден час. Најголем проблем е што моќниците ја поддржуваат проституцијата и на тоа заработуваат, а белото робје е валкана јавна тајна во Дубаи, за која полицијата мижи. Така за жена која сама стои навечер во бар, повеќето ќе помислат дека се продава, па не треба да се чудите ако некој бизнисмен би пристапи во тој момент.

Депортација поради негативна критика

Слободата на говор е мит, а кој и да изнесе мислење со кое моќниците не се сложуваат, добиваат телефонски повик од т.н. тајна полиција на Дубаи. Многу директно, тие даваат два избора, или замолчи и ќе изгубиш се што имаш. Освен тоа, дури 80 проценти од жителите се доселеници, а законот е доста комлициран, а законот е таа комплицран што полноправен граѓанин не може да се стане без многу пари и трпение, без оглед дали живеете тами 10 или 50 години. Ако странец проговори нешто лошо, едноставно го депортират.

Не јадете во јавност

Забрането е да се јаде или пие во јавност во текот на светиот месец Рамазан, без разлика дали сте муслиман или не. Странските парови често се казнуваат и поради пиење на сок на бензинските станици и сличните места. Сепак, тие правила често се кршат во хотелите, па тие се сметаат за “сигурни зони“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот